историја која се грижи за иднината
Асоцијација на Наставници по Историја на Македонија

Многу малку работи се случуваат во вистинско време, а останатите во општо и не се случуваат. Совесниот историчар ќе ги поправи овие дефекти
- Херодот
За Нас
Асоцијацијата на Наставници по Историја на Македонија е непартиска, непрофитна и невладина организација за заштита, унапредување и развој на наставата по историја во основното и средното образование во Република Македонија
Мисија
Унапредување на соработка меѓу наставниците во нашата земја, соседството и на меѓународен
план преку размена на информации и идеи, учество во
меѓународни конференции, семинари, проекти... ;
Развој на мирот, демократијата, стабилноста и унапредувањето на меѓуетничките односи во
Република Македонија и регионот;
Дејности
- подготвување и реализација на проекти, семинари, конференции и работилници за наставниците по историја;
-
соработка со домашни и странски владини и невладини институции и организации на полето на унапредување и подигање на квалитетот на
наставата по историја и нејзино прилагодување кон современите текови во Европа и светот; - издавање на весник Информатор за наставници по историја, веб страна на асоцијацијата и сл.
- изработување на додатни материјали по историја (збирка на документи, историски карти, мултимедијални изданија и сл.);
- подобрување на квалитетот на учебниците и наставните помагала по историја
- организирање на ученички натпревари по историја