top of page

историја која се грижи за иднината

Асоцијација на Наставници по Историја на Македонија

Прераскажување на Историјата

АНИМ во соработка со ЕУРОКЛИО, а со финансиска помош на USIP (Институтот за Мир на САД) спроведe проект со наслов "Прераскажување на Историјата".

Прераскажување на историјата

Во текот на 2007 год. беше реализиран проектот Прераскажување на историјата организиран од АНИМ (Асоцијација на наставници по Историја на Македонија и ЕУРОКЛИО (Асоцијација на наставници по Историја во Европа) и финансиски подржан од USIP (Американскиот Мировен Институт).
Во проектот  учествуваа 11 историчари, наставници во основно и средно образование и научни работници. Како надворешни експерти учествуваа д-р Дин Смарт од Универзитетот на Западна Англија, проф. Кит Бартон од Универзитетот Синсинати и Јоке ван дер Лув-Рорд, извршен директор на ЕУРОКЛИО. На работните сесии присуствуваа и гости од регионот од Бугарија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Целта на проектот беше да се изработи алтернативна програма по Историја во која покрај политичката и воената историја поголемо значење е посветено и на секојдневниот живот на обичниот човек.
Проектниот тим се определи да изработи алтернативна програма за периодот Македонија во XX век.
Покрај алтернативната програма се изработија и четири наставни  содржини кои го обработуваат периодот од 1990-2000 год.
Алтернативната програма промовира критичко размислување, изградба на сопствени ставови, третирање на спротивставени и чуствителни прашања, работа со историски извори, мултиперспективност.
Материјалите од проектот беа пилотирани со група од 20 ученици од средните училишта во Скопје, при што се промовираше принципот на активно учење.
Во ноември 2007 година проектот Прераскажување на историјата беше представен на годишниот симпозиум за Историја организиран од ИНИ (Институт за национална Историја) во просториите на Инстиутот за Македонски јазик „Крсте Мисирков„ на кој присуствуваа наставници по историја, научни работници како и гости од регионот, представници од ЕУРОКЛИО и претставници на холандската амбасада во Република Македонија.

bottom of page