top of page

историја која се грижи за иднината

Асоцијација на Наставници по Историја на Македонија

Историја која поврзува

АНИМ во соработка со ЕУРОКЛИО спроведe проект со наслов "Историја која поврзува".

Цел на проектот е да го зајакне капацитетот на АНИМ, односно да ја зајакне мрежата на наставници, со намера да ја опфати целата територија на Република Македонија.

Во текот на проектот беше извршено и истражување на состојбите во наставата по историја, чии што резултати беа публикувани во форма на Извештај. Истиот подоцна беше предаден на Министерот за Образование и Наука на Република Македонија, Г-дин Панче Кралев.
 

За време на проектот одржани се 4 семинари чии учесници беа наставници од основно и средно образование, а свое активно учество земаа и научни работници од областа на историјата.
 

На секој од семинарите присуствуваа и гости експерти за настава по историја од регионот и ширум Европа кои несебично го споделија своето искуство со нас, во форма на работилници и дебати, се со цел да се збогати соработката и да се разменат искуства и знаења.
 

Проектот финансиски е подржан од Министерството за надворешни работи на Белгија, а во текот на неговата реализација беа опфатени над 120 наставници од цела Македонија.

Прв семинар           Охрид, 15-18 Јануари 2012

Првата регионална средба се одржа во Охрид  во присуство на 40 наставници од основните и средните училишта во Западна Македонија, интернационални експери, гости од регионот, ОБСЕ и ЕУРОКЛИО 


Целта на средбата беше да се изврши анализа на состојбите во наставата по Историја во Република. Македонија и да се дадат предлози и сугестии за нејзино подобрување.

Присутните наставници и гости беа поздравени од Белгискиот амбасадор за Република Македонија г-дин Marc Michielsen, Мире Младеновски,  Координатор за Македонија и претседател на АНИМ, Бесник Емини,  Координатор за Македонија и потпретседател на АНИМ и Jonathan Even-Zohar,  проект менаџер на ЕУРОКЛИО.
Беше организирана тркалезната маса на тема „Интегрирано образование по Историја во Европа. Како се справуваме со јазиците и разновидностите“, на која свое учество земаа Johann Schustereder – менаџер за реформи во образованието, од мисијата на ОБСЕ во Скопје, и меѓународни експерти како  г-ѓа Mare Oja  од Естонија и Riitta Mikkola од Финска проследено со дискусија и прашања од присутните наставници.

Интернационалните експерти г-ѓа Mare Oja  од Естонија  одржа работилница на тема: Искуството и најдобрите примери за развој на учебник Историјата не е само Минато, Минатото се уште не е Историја  и  г-ѓа  Riitta Mikkola од Финска работилница на тема: Граѓанската војна во Финска од 1918 год. и како да се предава на различни начини.
Мире Младеновски и Бесник Емини презентираа за сегашната состојба на наставата по Историја во Република Македонија – наставни програми, учебници, наставни методи.


Представниците на Асоцијациите на наставници по Историја од регионот Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Косово информираа за актуелната состојба во наставата по Историја во нивните држави.


На средбата беа организирани повеќе работилници на кои наставниците дискутираа за актуелната состојба во наставата по Историја во Република Македонија и ги споделија нивните размислувања, идеи за наставните програми, учебниците и процедурите за избор на учебници, потребата од организирање на обуки и прирачници за наставниците. Идеите, предлозите и  размислувањата на наставниците  од првата регионална средба ќе бидат надградени и проширени на следните средби и ќе бидат дел од заедничките заклучоци кои ќе произлезат од проектот.

Трет семинар                Велес, 27-29 Јуни 2012

Во рамките на проектот Историја која поврзува во пеиодот од 27 до 29 јуни 2012 год. во Велес се одржа Третата регионална средба на наставници по Историја, на која присуствуваа 30 наставници од  основните и средните училишта во Централна и Североисточна Македонија, интернационални експери, гости од регионот и представници на ЕУРОКЛИО (Европска Асоцијација на Наставници по Историја).
Средбата е организирана од ЕУРОКЛИО во соработка со АНИМ (Асоцијација на Наставници по Историја на Македонија ).
Целта на средбата е да се изврши анализа на состојбите во наставата по Историја во Р. Македонија и да се дадат предлози и сугестии за нејзино подобрување.
Jonathan Even-Zohar Проект менаџер на ЕУРОКЛИО ги зпозна присутните со целите и активностите на ЕУРОКЛИО.
Мире Младеновски Координатор за Македонија и претседател на АНИМ и Бесник Емини Координатор за Македонија и потпретседател на АНИМ презентираа за сегашната состојба на наставата по Историја во Р. Македонија.
Љупка Христова и Валентина Стаменковиќ го промовираа прирачникот Прераскажување на Историјата – проект на АНИМ во соработка со ЕУРОКЛИО реализиран 2007 година.
Интернационалните експерти  г-ѓа Ирина Костиук од Украина одржа работилница на тема: „Како да им се помогне на ученицитеда ја разберат разноликоста на гледањето на минатото и различните интерпретации“ или „Зошто го разбираме минатото на различни начини“и  г-дин Нил Мек Леан од Шкотска работилница на тема :„ Активно учење на Историја и Професионалните организации на наставници како партнери во развојот на наставата“.
Представниците  на Асоцијациите на наставници по Историја од регионот, Србија (Емина Живковиќ) и Косово (Фетнан Дервиши),  заедно со меѓународните експерти информираа за актуелната состојба во наставата по Историја во нивните држави. Исто така разменија искуства за справување со инклузивното образование и разновидноста.
Представникот од ЗДФ Форумот во Македонија, г-дин Алберт Хани ги информираше присутните за активностите и проектите на оваа невладина организација.
На средбата наставниците извршија анализа на постоечките учебници по Историја и ги презентира нивните заклучоци за добрите и лошите страни на учебниците. Потоа се пристапи кон заедничка дискусија за нацрт заклучоците и пепораките за учебниците, обуките, наставната програма, ресурсите во училниците кои ќе бидат дел од финалниот извештај кој ќе биде представен пред Министерот за образование и наука г-дин Панче Кралев.

Втор семинар           Штип, 20-22 Април 2012

Во Штип се одржа Втората регионална средба на наставници по Историја, на која присуствуваа 40 наставници од основните и средните училишта во Источна Македонија, меѓународни експери, гости од регионот и представници на ЕУРОКЛИО (Европска Асоцијација на Наставници по Историја).

Целта на семинарот беше да се изврши анализа на состојбите во наставата по Историја во Република Македонија и да се дадат предлози и сугестии за нејзино подобрување.
 

Jonathan Even-Zohar  проект менаџер на ЕУРОКЛИО ги запозна присутните со целите и активностите на ЕУРОКЛИО.

Мире Младеновски Координатор за Македонија и претседател на АНИМ и Бесник Емини Координатор за Македонија и потпретседател на АНИМ презентираа за сегашната состојба на наставата по Историја во Република Македонија.
 

Љупка Христова и Валентина Стаменковиќ го промовираа Проектот „Прераскажување на Историјата“ – проект на АНИМ во соработка со ЕУРОКЛИО реализиран 2007 година.
 

Интернационалните експерти  г-ѓа Ineке Veldhuis- Meester од Холандија одржа работилница на тема : Историја, наратив! Што е проблемот со тоа?  додека  г-дин Semi Aktekin од Турција изведе работилница на тема : Големиот пожар во Измир, Кој го запали Измир?

Представниците  на Асоцијациите на наставници по Историја од регионот Vojslava Kumbulla (Албанија), Mina Marinova (Бугарија),  Katerina Brentanou (Грција) и Semih Aktekin (Турција) информираа за актуелната состојба во наставата по Историја во нивните држави.

Представникот од UNICEF г-ѓа Nora Sabani објасни како UNICEF се обидува да промовира мултикултурализам во македонските учебници, да го подобри образованието и предизвиците со кои се среќаваат при реализација на  нивните активности.

На средбата наставниците дискутираа за актуелната состојба во наставата по Историја во Република Македонија и ги споделија нивните размислувања, идеи за наставните програми, учебниците, потребата од организирање на обуки и прирачници за наставниците. Идеите и размислувањата на наставниците  од втората регионална средба ќе бидат дел од заклучоците кои ќе бидат презентирани пред Министерот за образование и наука г-дин Панче Кралев.

Завршен семинар   Маврово, 30.08-01.09.2012

Во периодот од 30 август – 1 септември 2012 година во Маврово се одржа завршниот семинар, четврти по ред во рамките на проектот Историја која поврзува/Македонија. Не семинарот зедоа учество околу 80 наставници по историја од Република Македонија, гости од регионот, меѓународни експерти како и претставници од ЕУРОКЛИО.
Програмата за работа пред присутните ја презентираа Мире Младеновски, претседател на АНИМ и Бесник Емини, потпретседател на АНИМ.
Исто така беа презентирани активностите на ЕУРОКЛИО во регионот и пошироко, како и активностите во рамките на проектот Историја која поврзува/Македонија од страна на Jonathan Even-Zohar, Сениор менаџер во ЕУРОКЛИО.
Презентацијата на тема што ја сочинува квалитетната настава по Историја ја одржа Michael Maddison (Главен инспектор за историја, Англија).
Искуства од регионот пред присутните споделија: Ivana Dobrivojevic (Србија), Ineke Veldhuis-Meester (Холандија), Iryna Kostyuk (Украина), Jacek Staniszewski (Полска), Dzintra Liepina (Латвија), Jokub Lorenc (Полска), Vojsava Kumbulla (Албанија).
Во текот на активностите беа организирани три паралелни работилници од домашни предавачи, и тоа: 1. Ирена Младеновска: Мултифронтална настава; 2. Мире Младеновски – Бесник Емини: Знаење наспроти Вештини; 3. Љупка Христова – Валентина Стаменковиќ: Прераскажување на историјата.
На крајот на работниот ден сите учесници организирани во групи учествуваа на Паб Квиз, со прашања од областа на историјата.
Наредниот ден, на 31 август беа организирани три паралелни работилници од меѓународни експерти и тоа: 1. Ineke Meester Veldhuis: Кон еден поширок хоризонт - Мултиперспективноста во училницата по историја; 2. Iryna Kostyuk: Како да се организира настава по историја базирана во работа со Галерија на визуелни извори; 3. Dennis Dretling: Камповите по војната, од публикацијата на ЕУРОКЛИО Историја во Акција.
Во попладневниот дел на програмата сите наставници учествуваа на пленарна сесија за идни планови, следни чекори и предлози, каде што наставниците споделија свои искуства, даваа сугестии и предлози за меѓусебна соработка, како и идеи за идни планови. По завршување на работните активности сите присутни уживаа во официјалната вечера која беше организирана во ресторанот ТУТО во с. Јанче.
Наредниот ден, покрај предвидените работилници следуваше и заклучна сесија
од Jonathan Even-Zohar, Michael Maddison и Jacek Staniszewski.
Потоа, пред  разделбата и ручекот на сите присутни им беше посакана успешен почеток на новата учебна година.

bottom of page