top of page

историја која се грижи за иднината

Асоцијација на Наставници по Историја на Македонија

Промоција

Клуч за отклучување на минатото, наставата по историја во Македонија: Денешни анализи, сугестии за во иднина​



Симпозиум

Што ја прави функционална наставата по историја

Промоција на извештајот на Еуроклио:
Клуч за отклучување на минатото, наставата по историја во Македонија: Денешни анализи, сугестии за во иднина.​
Скопје, 29.08.2012 г.



Промоција на извештајот на Еуроклио: Клуч за отклучување на минатото, наставата по историја во Македонија: Денешни анализи, сугестии за во иднина. Скопје, 29.08.2012 г.

На 29 август 2012 година во Скопје, во просториите на Инфо центарот на делегацијата на ЕУ во Скопје Еуроклио и АНИМ го промовираа извештајот на Еуроклио: Клуч за отклучување на минатото, наставата по историја во Македонија: Денешни анализи, сугестии за во иднина. Извештајот беше промовиран пред заменик министерот за образование и наука г. Сафет Незири, при што меѓу другото свечено му беше врачена копија од извештајот. На промоцијата на извештајот беа присутни и одржаа говор амбасадорот на Кралството на Холандија во Република Македонија г-ѓа Marriet Schuurman; г-ѓа Katherine Raeymakers генерален секретар на амбасадата на Кралството Белгија за Македонија; заменик министерот за образование и наука г. Сафет Незири, г. Michael Maddison, главен инспектор за историја на Англија; Jonathan Even-Zohar, сениор менаџер на ЕУРОКЛИО. Присутните ги поздравија и Мире Младеновски, претседател на АНИМ и Бесним Емини, потпретседател на АНИМ.

Инаку извештајот е збир на различни анализи за сегашната состојба на наставата по историја во поглед на планпрограмата по историја, учебниците по историја, практиката во училница, обуката на наставници пред вработување, обуката на наставниците во текот на вработувањето, заклучоци и сугестии за унапредување на наставата по историја во Република Македонија. Настанот беше проследен од голем број пишани и електронски медиуми, при што од присутните беа дадени и изјави за истите.
По завршување на првиот дел, односно промоција на извештајот, попладне беше одржан меѓународен симпозиум за настава по историја со наслов: Што ја прави функционална наставата по историја. За искуствата и предизвиците на наставата по историја зборуваа учесници од земјата и од странство, како наставници по историја, универзитетски професори и истражувачи  кои споделија искуства од различна перспектива.

Симпозиум:​
 Што ја прави функционална наставата по историја

Скопје, 29.08.2012 г.​

По промоцијата на извештајот на истото место, во зградата на Инфо центарот на делегацијата на ЕУ во Скопје беше одржан меѓународен симпозиум за настава по историја со наслов: Што ја прави функционална наставата по историја. За искуствата и предизвиците на наставата по историја зборуваа учесници од земјата и од странство, како наставници по историја, универзитетски професори и истражувачи  кои споделија искуства од различна перспектива.

Меѓу учесниците свои мислења и ставови изразија домашни и меѓународните учесници: Ivana Dobrivojevic (Истражувач, Институт за современа историја, Србија), Michael Maddison (Главен инспектор за историја во Англија, Обединето Кралство), Ineke Veldhuis-Meester (Независен консултант, Холандија), Iryna Kostyuk (Обучувач на наставници по историја и автор на учебници, Украина), Jacek Staniszewski (Истражувач, Институт за истражувања во образованието, Полска), Dzintra Liepina (Наставник по историја, Латвија).

Меѓу учесниците од земјата свои согледувања до присутните искажаа: Тодор Чепреганов (Директор на Институтот за Национална Историја), Qerim Dalipi (Раководител на катедрата за Историја, Државен универзитет во Тетово), Бобан Петровски (Раководител на катедрата за историја, Филозофски Факултет, УКИМ, Скопје), како и Мире Младеновски и Бесник Емини од АНИМ.



Присутните имаа можност да поставуваат прашања, а се разви и дебата околу различните ставови на учесниците.

 

bottom of page